Кошмар за Реал: Винисиус ја обнови старата повреда

Ноемвриската репрезентативна пауза донесе огромни проблеми за Реал Мадрид, најпрвин Камавинга го повреди коленото на тренинг на француската репрезентација, а сега во „болницата“ на мадридскиот клуб се врати и Винисиус.

Крилниот офанзивец мораше да биде заменет во првото полувреме од мечот меѓу Колумбија и Бразил, а по натпреварот не можеше нормално да оди кон соблекувалната, како јасен знак дека повредата на мускулот не е нималку наивна.

„Мислам дека станува збор за истата повреда што ја имав пред некој месец. Добив удар и останав да лежам, знаев дека проблемот не е наивен“, изјави Винисиус по натпреварот.

Доколку голгетерот е во право, тоа би значело дека Винисиус ќе паузира до крајот на годинава ако се знае дека по последната повреда му беа потребни шест седмици за целосна рехабилитација и врааќање на терените.

Се вчитува...