Кошмар за ривалите – Кевин Дурант ќе го предводи дрим-тимот на ОИ во Токио

Селекцијата на САД ќе биде сериозно засилена за претстојниот настап на Олимписките Игри откако Кевин Дурант изразил подготвеност да биде дел од дрим-тимот на ова големо натпреварување. Леброн Џејмс ја предводеше листата од неколку кошаркари кои се откажаа од настап во Токио, но јасно е дека со Дурант во тимот, Американците ќе имаат моќен тим со кој повторно ќе бидат главни фаворити за златниот медал.

Крилниот кошаркар веќе има во својата колекција два златни медали, од Лондон во 2012 и од Рио де Жанеиро во 2016, а сега ќе има можност да стигне и до третото најсјајно олимписко одличје.

Неочекуваната елиминација од Милвоки во полуфиналето од Источната конференција му овозможи на Дурант да има краток одмор, но потоа и доволно време за подготовка за настап за САД, нешто што ќе беше речиси невозможно доколку тој со Бруклин стигнеше до големото НБА-финале.

Токму против Милвоки овој кошаркар блесна со неверојатни игри, во просек бележејќи по 34,3 поени, 9,3 скокови и 4,4 асистенции по натпревар, што сепак е покажа недоволно за да се стигне до финалето на „истокот“.

Се вчитува...