Кошмар за Тотенхем: Повреда на уште една „ѕвезда“ на тимот

Битката за опстанок на Тотенхем стана уште покомпликувана откако Роберто де Зерби остана без нови важни првотимци за финишот од оваа натпреварувачка сезона.

Чави Симонс има тешка повреда на коленото и нема да се врати до крајот на 2026 година, но проблем плус за „спарси“ е што повреда на последниот меч со Вулверхемптон заработи и првиот напаѓач Доминик Соланке. Англискиот голгетер настрада во првото полувреме и мораше веднаш да биде заменет, повредата не му е толку сериозна како онаа на Симонс, но секако ќе следи пауза од неколку седмици и тешко е да се поверува дека Соланке ќе му биде на располагање на Де Зерби за клучните битки за опстанок.

Само за потсетување, Тотенхем веќе остана и без помошта на капитенот Ромеро и на важниот офанзивец Кудус, па јасно е дека лондонскиот клуб го очекува пеколно тежок предизвик да се избори за опстанок во англиската фудбалска елита.

„Спарси“ моментно се наоѓа на 18. место кое значи преселба во Чемпионшип, со два бода заостанување зад Вест хем кој се наоѓа на 17. позиција. Тотенхем во следното коло на 3 мај му гостува на тимот на Астон вила.

Се вчитува...