Кошмарна ноќ за Филаделфија: Загубија од Голден Стејт и останаа без Ембид (ВИДЕО)

Екипата на Филаделфија нема по добро да го памети натпреварот со Голден Стејт. Само што се врати на терен, Џоел Ембид доживеа лоша повреда, по што наскоро треба да се знае дали и колку ќе паузира.

Камерунецот ги пропушти натпреварите против Денвер и Портланд, и заигра против Вориорс, но заработи тешка повреда. Тој падна во борба на една топка, по што незгорно се приземи, а згора на тоа и еден играч падна врз неговото колено.

Голден Стејт го доби натпреварот со 119-107, благодарение на одличната партија на Стив Кари кој постигна 37 поени. Голден Стејт имаше проблеми само на почетокот на натпреварот, а потоа откако го презеде водството до полувремето, не го испушти до крајот.

Кошаркарите на Лејкерс продолжуваат со лошите резултати сезонава. Загубија на гостувањето кај Атланта со 138-122. Лејкерси ги загубија сите четири четвртини, и не можеа да го сопрат тандемот Јанг – Мареј, кои заедно постигнаа 50 поени (26 со 24).

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – ЛА Лејкерс 138-122
Бостон – Индијана 129-124
Њујорк – Јута 118-103
Чикаго – Торонто 107-118
Голден Стејт – Филаделфија 119-107

Се вчитува...