Фудбалската јавност на „островот“ е во шок откако легендарниот Кени Далглиш објави дека оди на терапии за лечење од канцер. Откако вчера Кевин Киген шокираше со објавата дека има канцер во четврти стадиум, денеска и Далглиш се јави со загрижувачка објава, потврдувајќи дека ја води најважната битка.
Далглиш информацијата најпрвин случајно ја објави преку пост на својот профил на социјалните мрежи, потоа истиот го избриша, па се јави со официјална потврда на лошата вест.
„Како што некои од вас можеа да видат на мојот пост на социјалните мрежи, моментнано минувам низ третмани за лечење од канцер. За разлика од функционирањето на мојот мобилен телефон, третманите се одвиваат многу добро. Идеално, ќе сакав ова да остане приватна работа како што и треба да биде, но моите недоволни познавања на технологијата и ракувањето на телефоните придонесоа се да стане јасно. Разбирливо, нема да давам дополнителни коментари на оваа тема и се надевам дека ќе ја почитувате приватноста“, порача Кени Далглиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
