Кошмарот продолжува: Нова повреда на младата ѕвезда на Реал Мадрид

Новото име во редовите на Реал Мадрид, Арда Гулер одново доживеа нова повреда, трета по доаѓањето во таборот на „кралевите“. Турчинот доје летоска како капитална инвестиција на Реал Мадрид, и во последен миг ја одби Барселона само да биде дел од најтрофејниот европски клуб, но од тогаш почнува неговиот  кошмар.

Неговото враќање беше подготвено а оваа недела, требаше да биде на клупата против Брага и да добие минути, но повторно се повреди. Тоа го потврди и Карло Анчелоти.

„Вистина дека Гулер се повреди, но не ја обнови претходната. Во прашање е задната ложа, сепак, не сме загрижени, туку му кажавме да не брза. Иднината е пред него“, рече Анчелоти.

Се вчитува...