Косово го доби и првиот Србин во репрезентацијата – Илија Ивиќ

Фудбалскиот сојуз на Косово денеска официјално се пофали дека во своите репрезентативни редови ќе го има и првиот Србин.

Од Косово информираат дека 17-годишниот Илија Ивиќ од Грачаница ќе заигра најпрво за младата репрезентација на оваа земја, а потоа ќе биде приклучен и на сениорскиот тим. Ивиќ веќе три години е член на косовскиот прволигаш Фљамуртари од Приштина. Се работи за огромен талент кој го потпиша и првиот професионален договор со клубот.

„Повикот во репрезентацијата навистина ми значи, затоа што тоа е показател дека некој ги цени моите квалитети. Повикот е мотив за натамошен напредок“ – вели Ивиќ за косовските медиуми.

Ивиќ и минатата година имаше повик за настап во младите селекции на Косово, но тогаш истиот го одби.

Се вчитува...