Косово си зеде гол-машина од Швајцарија пред баражот во Скопје

Фудбалската Федерација на Косово работни напорно на засилување на репрезентацијата пред баражот во Скопје против Македонија, преговарајќи со бројни играчи со потекло од оваа земја.

Се чини дека првиот човек на федерацијата, Агим Адеми, успеа да заврши одлична работа, договарајќи го младиот голгетер Анди Зекири, да почне да настапува за Косово наместо за Швајцарија. Тој настапува за младинската репрезентација на Швајцарија, на седум настапи веќе има шест погодоци, но му било ветено дека во Косово веднаш ќе биде прекомандуван во А-селекцијата.

Адеми објави и заедничка фотографија со младиот голгетер, како потврда дека договорот за негово земање на косовски „фудбалски пасош“ е пред реализација. Анди Зекири е роден во Лозана и настапува за клубот од овој град, за кој сезонава веќе постигна 16 погодоци на 21 одигран натпревар.

Се вчитува...