Косовската федерација донесе одлука околу иднината на Шаландес на селекторската функција

Косовската јавност отворено го нападна селекторот Бернард Шаландес по поразот од Македонија во полуфиналето од Лигата на нации за пласман на ЕП. Добар дел од истакнати фудбалски работници на Косово побараа отказ за Шаландес, но така не мисли и претседателот на Косовската фудбалска федерација, Агим Адеми.

По разгледување на целокупната ситуација пред и за време на натпреварот со Македонија, Косовската федерација денеска се огласи со официјално соопштени во кое искажа поддршка за Шаландес кој останува на селекторската функција и во иднина.

„Претседателот Адеми отворено изрази доверба во селекторот Бернард Шаландес и неговите соработници, кои остануваат и натаму на своите функции. Фудбалската федерација на Косово бара од нив да бидат уште повнимателни во овој тежок период за тимот и да бидат подготвени да им помогнат на играчите да се справат со оваа ситуација, како и да се даде можности на што поголем круг фудбалери и да се креира најдобриот тим за во иднина“ – се вели, меѓу другото, во соопштението од Фудбалската федерација на Косово.

Косово веќе в недела го очекува дуелот со Словенија во Лигата на нации, а на 14. октомври ќе гостува во Атина против Грција.

Се вчитува...