Костов донесе нова европска победа на Црвена Звезда

Црвена Звезда вечерва ја забележа и четвртата победа во низа во Лигата на Европа откако славеа во Шведска над екипата на Малме со 0-1. Дејан Станковиќ имаше победничко деби на камбекот на клупата на „црвено-белите“, а најзаслужен за тоа беше Василије Костов. Токму младиот бисер на Црвена Звезда со потекло од Македонија беше стрелец на единствениот гол, одлично снаоѓајќи се по додавањето на Арнаутовиќ и со лизгање по теренот ја смести топката во мрежата.

Лион стигна до победа на гостувањето против Јанг Бојс со 0-1, со голот на Меитланд Најлс пред самиот крај на првото полувреме.

Санчо беше стрелец на единствениот гол за Астон Вила во победата на гостувањето во Истанбул против Фенербахче, додека Порто со гол во судиското продолжение се спаси од пораз на гостувањето против Плзењ (1-1).

Суперинтересно беше на скандинавската пресметка меѓу Бран и Митјиланд, во кој домаќините со пенал во 99. минута стигнаа до бод за конечни 3-3.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...