Костов: Во Охрид следи склопувањето на тимот за новата сезона

Екипата на Ренова ја стартуваше втората фаза од подготовките за новата сезона, преселувајќи се во нашиот најголем туристички центар Охрид.

„Гипсарите“ во Охрид ќе работат на склопувањето на коцките околу изгледот на тимот за престојната сезона, а планирано е одигрување и на неколку пријателски натпревари.

„По првичните тренинзи, сега во Охрид следи централниот дел од подготовките. Ќе работиме на тактичко-техничката подготовка и поставувањето на тимот за новата сезона. Доведовме и нови имиња кои секако ќе ја засилат неопходната конкуренција за секоја позиција во тимот“ – вели шефот на стручниот штаб на Ренова, Влатко Костов.

Првиот пријателски натпревар на охридското крајбрежје Ренова ќе го има против Победа утре со почеток од 17:13 часот на СРЦ „Билјанини извори“, а договорен е засега и тест дуел со Гостивар на 12. јули.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Се вчитува...