Ковач учеше фудбал од Клоп, сега ќе го предизвика на „Енфилд“

Нико Ковач вечерва како тренер на Баерн Минхен ќе го предизвика Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите, пресметка против стратегот кој му излезе во пресрет на Хрватот на почетоците од неговата тренерска кариера.

„Клоп беше тренер на Борусија, а Нико некој што покажува интерес за тренерскиот занает. Тој му пријде на Јирген и го праша дали може да ги следи тренинзите на Борусија, по што доби зелено светло и почна да учи фудбал од Клоп“ – пишуваат германските медиуми.

Интересно, еден од првите потези на Клоп по пристигнувањето во Дортмунд беше бркање на Роберт Ковач, за да се отвори место во тимот на 20-годишниот Матс Хумелс. Постариот брат Ковач потоа замина во Динамо Загреб, ја заврши кариерата во татковината и почна тренерска кариера. Роберт Ковач сега е дел од стручниот штаб на Нико во Баерн, па интересно ќе биде да се види дали хрватскиот тандем ќе успее да го надмудри Клоп среде Ливерпул.

Се вчитува...