Ковачевски: Сите знаеме што значи Работнички, сакаме Македонија да има два клуба во АБА-лигата

Премиерот Димитар Ковачевски беше присутен на денешната прес-конференција по повод потпишувањето на договорот за спонзорство меѓу КК Работнички и срската компанија МТЕЛ, при што првиот човек на Владата не го криеше задоволството од оваа инвестиција во спортот.

„Јас долги години бев дел од телекомуникацискиот бизнис и слободно можам да кажам дека Телеком Србија и МТЕЛ создадоа моќна компанија, за која сме среќни што влегува во македонскиот пазар. Инвестицијата во спортот е одлична за кошарката и за КК Работнички, тим за кој не треба да трошам зборови бидејќи на сите им е јасно дека говориме за клубот што е најтрофеен во историјатња на македонската кошарка. Јас сум вљубеник во кошарката, го поддржувам Куманово како клуб од градот каде што сум роден, го поддржувам Работнички, како и тимот на МЗТ Скопје, кој се натпреварува во АБА-лигата и на кого му посакувам многу среќа. Желба на сите нас е Македонија да има два претставници во АБА-лигата, МЗТ Скопје и Работнички“, изјави Премиерот Ковачевски.

За потсетување, МТЕЛ денеска потпиша четиригодишен договор за спонзорство на КК Работнички, за вкупна сума од 1,4 милиони евра.

Се вчитува...