Ковачиќ: Тухел ми го даде најдобриот совет во кариерата

Хрватскиот интернационалец Марио Ковачиќ ја заокружи една од најдобрите години во неговата кариера. Беше дел од тимот на Челси кој ја освои Лигата на шампионите, а се поголема доверба добива од менаџерот на „сините“ Томас Тухел.

Хрватот вели дека Тухел му го има дадено најдобриот совет во кариерата, а тоа е да биде смирен.

„Имам одличен однос со Томас Тухел. Тој гледа некои работи кои другите тренери не ги приметуваат. Мислам дека ми го даде најдобриот совет во кариерата. Тоа е да бидам мирен, бидејќи некогаш чувствував навистина нервоза“, изјави Ковачиќ. 

Се вчитува...