Ковид-19 силно „удри“ во Хајдук: Атанасов и соиграчите во изолација, вкупно 20 позитивни

Вкупно 20 фудбалери и членови на стручниот штаб се позитивни на Ковид-19 во редовите на сплитски Хајдук, поради што комплетниот тим е во изолација.

Од клубот не информираат кои фудбалери се позитивни, но јасно е дека сите, меѓу кои и македонскиот репрезентативец Јани Атанасов, се во задолжителен карантин.

„По реализираните тестови утврдено е дека од 33 членови на експедицијата на Хајдук која беше заедно на патувањата во Осијек и во Ријека, за жал заразени се вкупно 20, од кои 12 фудбалери и осум членови на стручниот штаб. Сите останати се во пропишана самоизолација“ – објавија од Хајдук.

Одложен е натпреварот на „белите“ со Славен Белупо а сосема извесно е дека ќе биде одложено и дербито со Динамо Загреб следната недела.

Се вчитува...