„Ковид-болница“ во Олимпија Милано

Олимпија Милано ќе мора да ги одложи наредните натпревари од Евролигата и од италијанскиот шампионат по големиот бран на коронавирус во овој клуб.  Раководството на Олимпија вечерва ја информираше јавноста за разочарувачките резултати од вчерашните тестирања, дури осум кошаркари се позитивни на Covid-19.

„Сите позитивни играчи, од кои ниту еден нема потешки симптоми, ќе ги следат здравствените протоколи и ќе одат во самоизолација“, објави италијанскиот шампион.

За утре се закажани нови тестови, но се очекува италијанските власти да донесат одлука целиот тим да замине во самоизолација.

Олимпија Милано требаше в четврток да му гостува на Химки во Русија, но јасно е дека овој натпревар ќе мора да биде одложен.

Се вчитува...