Кожув лесно против „фенерџијата“ Струмица (90-72)

Кожув стигна и до седмата победа сезонава во Првата македонска кошаркарска лига, славејќи со 90-72 (18-14,31-23,13-12,28-23) во 17. коло пред своите навивачи против составот на Струмица.

„Фенерџијата“ не беше рамноправен противник за домашните кошаркари кои рутински ја одработија победата.

Најефикасен кај Кожув беше Пековиќ со 18 поени дополнети и со 8 скока и 4 асистенции, додека Мишковиќ запиша 15 поени. Со 13 поени мечот го заврши Апостолов, а 11 поени постигна Начевски. Во поразениот тим се издвои Делипетров со 26 поени и 9 скока.

Кожув во моментов е на 8. место со 24 бода, додека Струмица е на последната позиција со само две победи и 15 порази, односно 19 бода.

Се вчитува...