Кожув не ја дава Гевгелија – победа и против ТФТ

Кожув им се врати на победите и стави крај на серијата од четири триумфи едно по друго на ТФТ во Првата кошаркарска лига откако во 17. коло славеше во „26ти Април“ со 82-72. Гевгеличани беа подобриот противник во поголемиот дел од натпревар, имаа и двоцифрена предност во првото полувреме, но на крајот на победа се радуваа во завршните минути кога сцена настапи Илија Колев.

Отварањето на натпреварот го отслика играта во серии на двата тима во која иницијативта прв па превзема Кожув кој поведе со 7-2, но следеше одговор на ТФТ по тајм-аутот на Смилковски за 9-12 по тројката на Костоски. До крајот на првата четвртина следеше изедначена игра која им припадна на домаќините за предност од еден напад (19-17), но „црвено-белите“ на крилја на Гордон беа оние кои продолжија во одличен ритам. Американецот одлично ја користеше транзицијата, беше расположен во реализацијата па избраниците на Јончевски поведоа со 30-17. ТФТ успеа да ја зацврсти одбраната и да се врати во игра за 40-33, но промаши два напада за помала негатива, а казната стигна од расположениот Гордон кој поентираше при самиот крај на првото полувреме за 42-33.

ТФТ одново го наметна својот ритам на отварањето на второто полувреме, а добрата игра на двете страни од паркетот на „црно-белите“ донесе и изедначување на семафорот (44-44). Изедначениот ритам кој траеше во поголемиот дел од третата четвртина го прекина Кожув со подобра игра во последната минута, но Симоновски со првите поени во дресот на ТФТ донесе негатива од еден напад за 62-59 пред одлучувачката четвртина. Во неа продолжи изедначениот натпревар со акцент на одбраната, на три минути пред крајот резултатот изнесуваше 67-67, а пресудна за победа на домаќинтие беше серијата од 7-0 на Колев со која Кожув стигна до предност од два напада за нови два бода.

Со 32 поени и 6 асистенции лидер на Кожув беше Гордон, додека него го следеше Колев со 14 поени и 7 скока. Петнаесет поени за ТФТ реализираше Мекбраер, по кого следеа Батрик со 14 и Костоскисо 13 реализирани поени.

Се вчитува...