Кожув победнички во Кавадарци за 5. место во Суперлигата

Кошаркарите на Кожув ќе ја завршат оваа натпреварувачка сезона на петтата позиција на табелата во Суперлигата на Македонија откако вечерва, како гости, во Кавадарци, славеа победа над Тиквеш Голден Игл од 90-97.

Сега гевгеличани, на коло пред крајот на ТОП 6 фазата, се на недостижни два бода предност во однос на тимот од Кавадарци.

Откако во првото полувреме двете екипи се менуваа во водството, почетното за гостите од Гевгелија, потоа и на страната на домаќините, клучните минути на средбата во салата „Јасмин“ беа оние во третата четвртина.

Дел до играта во кој екипата на Кожув ја креираше и главната позитивиа, Односно негативата на полувремето (42:50), „црвено-белите“ ја претворија воо свое водство (74-69), кое во последниот период и го зголемија, и победија.

Доволно за половичен ефект по 26 одиграни меча во сезоната (13 победи и 13 порази).

Тиквеш Голден Игл е на ефект (11-15), доволно за шестото место во оваа конкуренција.

Во првиот успех во оваа фаза од шампионатот, ново, одлично издание имаше Боувен, кој заврши со учинок од 31 поен и 17 скока. Одлична поддршка имаше од Пурвис, кој освен 23 поени, додаде и пет асистенции и три скока. Двоен број на поени во гостинската екипа имаа уште и Симиќ, кој уфрли 13 поени (и пет скока), како и Бојчев, кој на 12 поени додаде и три скока и две асистенции.

Во екипата на Тиквеш Голден игл, во овој последен, за нив, меч на домашен паркет во оваа сезона, Бошалески беше прв стрелец, даде 21 поен (плус пет скока и две додавања). Димитриев имаше одлични минути кои ги заокружи со реализација на 20 поени (и три скока).

По 18 поени дојдоа од Хоукинс и Минси (имаше и 13 скока и 4 асистенции).

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ – ТОП 6

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

Тиквеш Голден Игл – Кожув 90-97

26.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

13.00: ТФТ – Маџари

Спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/eG5rdKsnZyM?si=3RLXovxfD0wKCcOd

27.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.30: МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/37ISaVBhvlE?si=hDU0qGdmCSW46EXm

ТАБЕЛА

1.ТФТ 25 21 4 2059:1841 46

2.МЗТ Скопје А. 25 21 4 2012:1779 45

3.Пелистер 25 17 8 2286:2033 42

4.Маџари 25 14 11 2038:2001 39

5.Кожув 26 13 13 2180:2176 39

6.Тиквеш ГИ 26 11 15 2073:2107 37

Во плеј-аут лигата Гостивар славеше на гостувањето против Ангели со 80-94, а Чаир го победи Феникс со 76-63.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

Ангели – Гостивар 80-94

Чаир 2030 – Феникс 2010 76-63

26.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

18.00: МКК Куманово – Работнички

Спортска сала во Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NQSPNlMAdAM?si=FjlNck3TZYYOZeFk

ТАБЕЛА

1.МКК Куманово 25 13 12 2050:1988 38

2.Чаир 2030 25 12 13 2036:2112 37

3.Работнички 25 11 14 2086:2033 36

4.Феникс 2010 25 9 16 1986:2041 34

5.Гостивар 26 8 18 1961:2084 34

6.Ангели 26 2 24 1666:2296 28

Се вчитува...