Кожув се засили со Армстронг од Маџари (ФОТО)

КК Кожув Гевгелија го официјализира ангажманот на Тери Армстронг, американскиот бек/крило кој пристигнува во црвено-белиот дрес за сезоната 2026/27.

Армстронг својата професионална кариера ја започнува во Мелбурн Феникс во Австралија, а потоа настапуваше и за КК Рогашка од Словенија, КК Младост Земун и КК Металац Ваљево од Србија, Леувен од Белгија, Торос од Колумбија и KK Маџари Македонија.

Во сезоната 2025/26 со КК Маџари, Армстронг имаше одлична сезона со просек од 18,5 поени, 5,2 скока, 4,6 асистенции и 1,9 украдени топки по натпревар.

Неговите настапи во изминатата сезона му донесоа и признанија за Играч на годината, Најдобар дефанзивец, Најдобар странски играч и Најдобар бек во македонската Суперлига.

Се вчитува...