Kрај на една ера: Дејан Савиќ повеќе не е селектор на Србија!

Една ера во српското ватерполо сега е дефинитивно завршена. Дејан Савиќ повеќе не е селектор на Србија.

Веста денеска ја потврди ватерполо федерацијата на Србија. Савиќ поднесе неотповиклива оставка од селекторската функција по неколку разговори со челниците на федерацијата!

За десетте години колку што беше на чело на репрезентацијата, Савиќ освои се. Неговиот успех со репрезентацијата го рангираше меѓу најдобрите на сите времиња во овој спорт.

„На Дејан Савиќ му посакуваме многу успех во кариерата. Сигурни сме дека нашиот Деки има уште многу да даде на српското ватерполо. Легендо, со среќа“, изјавија од ВСС.

Се вчитува...