Крај на една ера: Драган Аџиќ си замина од Будуќност

Една ракометна ера заврши вчера откако Драган Аџиќ реши да си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Будуќност, десет години и десет месеци откако седна на клупата на црногорскиот гигант.

Аџиќ останува запишан во историјата како тренер кој му ја донел европската круна на црногорскиот ракометен гигант, најпрвин во 2012, а потоа и во 2015 годинаа. Будуќност успеваше да стигне до Ф4 во Будимпешта и во 2016 и во 2017 година, но падот во квалитет на играчкиот кадар беше пресуден Црногорките да не стигнат до финалето.

Сезонава црногорскиот првак се соочи со огромни проблеми бидејќи 11 ракометарки на самиот старт од сезоната се заразија од коронавирусот, а неговата асистенка Милена Раичевиќ паузира од функцијата поради бременост. Тоа се одрази врз игрите и терените, па Аџиќ реши самиот да си замине по поразот од големиот ривал Ѓер, иако за тој меч имаше само десетмина здрави ракометарки во составот.

Се вчитува...