Крај на една ера: Фетел заминува во пензија

Себастијан Фетел денеска објави дека на крајот од сезонава ќе ја заврши фантастичната кариера што Германецот ја имаше во Формула 1 шампионатот.

Повеќекратниот Ф1 првак кој во последните години го вози болидот на Астон Мартин, и официјално ја потврди одлуката за пензионирање.

„Ова ми е најтешката одлука што ја имам донесено во животот, долго време размислував, но сметам дека е време да ја завршам кариерата. На крајот од годинава ќе земам малку слободно време пред да одлучам со што ќе се занимавам во иднина. Како татко, морам да посветам повеќе време на семејството, но пред се би сакал да се заблагодарам на фановите кои ми даваа огромна поддршка низ годините, фановите беа кои Формула 1 не би постоела“, објави Себастијан Фетел.

Себастијан Фетел дебитираше во Формула 1 во 2007 година, две години подоцна се пресели во Ред Бул, тим со кој од 2009 до 2012 година освои четири шампионски титули во низа.

Потоа следеше трансфер во Ферари во 2015 година, при што Фетел забележа 14 победи во болидот на прославениот италијански Ф1 тим.

Од јануари 2021 Себастијан Фетел е член на Астон Мартин, во кој легендарниот германски возач ќе ја заврши својата кариера.

Се вчитува...