Шпанскиот фудбалер Педро Родригез објави дека на крајот на актуелната сезона ќе го напушти Лацио, кога ќе му истече договорот кој го има со римскиот клуб.
Педро игра за Лацио од 2021 година, откако дојде од градскиот ривал Рома. 38-годишниот поранешен шпански репрезентативец во минатото играше и за Челси и за Барселона. Има пет титули во Шпанија, три во Лигата на шампионите, а со својата репрезентација ги има освоено и европската и светската титула.
„Сакам Лацио да се квалификува во Европа, а потоа мислам дека е време да си заминам“, рече Педро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

