Крај на една ера: Симеоне си оди од Атлетико Мадрид на крајот од оваа сезона?!

Диего Симеоне е на добар пат да си замине од Атлетико Мадрид на крајот од ова сезона, по се поголемото незадоволство кај раководството на клубот, но и кај дел од навивачите, поради слабите игри на „црвено-белие“од Мадрид оваа сезона. Дефанзивниот фудбал секогаш бил заштитен знак на аргентинскиот стратег, но тоа беше поддржувано само додека имаше резултати. Сезонава ситуацијата е спротивна, тимот веќе испадна од Лигата на Шампионите, предалеку е од врвот во Ла Лига, а игрите што ги покажува се преслаби за стандардите што ги наметна самиот Симеоне.

Тој е најплатен тренер во фудбалска Шпанија, заработува повеќе и од Анчелоти во Реал и од Чави во Барселона, а управата веќе не е убедена дека Симеоне е најдобрата опција за предводник на Атлетико Мадрид. Тој е на чело на првата екипа од 2011 година, а шпанските медиуми најавуваат дека ова е последната сезона во која го гледаме големиот фајтер како предводник на овој шпански гигант.

Токму затоа и влијанието на Симеоне врз трансферите во јануарскиот преоден рок е минимизирано, а Жоао Феликс ќе биде испратен само на позајмица, се со цел Португалецот да биде дел од тимот следната сезона, кај тренер што ќе игра поофанзивен фудбал и ќе знае како подобро да го искористи.

Диего Симоне освои две титули во Ла Лига како предводник на Атлетико Мадрид, еден трофеј во Копа дел реј и два во Лигата на Европа на УЕФА. Како големо разочарување останаа двете загубени финалиња во Лигата на Шампионите, во 2014 и во 2016 година, и двете од Реал Мадрид.

Се вчитува...