Крај на надежите за Италија: Перу оди на Мундијалот во Русија!

Фудбалската репрезентација на Перу сепак ќе настапи на Светското првенство 2018 во Русија.

Иако оваа земја беше на чекор од дисквалификација од страна на ФИФА поради мешање на политиката во работата на Сојузот, сепак на крајот е одлучено дека нема да и се скрати учеството на Мундијалот.

Јавноста во Перу успеа да ја натера политичарката Палома Ночеда да го повлече предлог-законот според кој Фудбалскиот сојуз на Перу би бил дел од националниот Институт за спорт, што е спротивно на правилата на ФИФА. Откако таа се одлучи да го повлече предлог-законот, и ФИФА веќе не ја разгледува можноста за дисквалификација на Перу.

Изминативе денови во Перу владееше паника од неучество на СП, посебно и поради отворено најавената желба на Италија да биде во Русија. Италијанците веруваа дека ФИФА ќе им дозволи да играат на СП на местото на претставникот на Јужна Америка, но од такво нешто дефинитивно нема ништо.

Се вчитува...