Крај на неверојатната серија на Медведев

Фантастичната серија на Данил Медведев од пласман во шест финалиња на последните шест турнири на кои учествуваше рускиот тенисер заврши денеска, откако тој беше елиминиран на самиот старт од Мастерсот во Париз.

Шарди е тенисерот што успеа да го земе скалпот на Русинот, откако францускиот тенисер бодрен од сонародниците по голема борба славеше со 2-1 во сетови. Медведев пропушти шанса за брејк при 4-5 во решавачкиот сет, по што Шарди ја искористи втората брејк топка и стигна до големата победа.

Главна причина за поразот на рускиот ас е неговата очајна реализација на брејк-шансите (1/15), наспроти 3/5 на Шарди.

Се вчитува...