Крај на низата победи на Тотенхем: Вест Хем го собра „скалпот“ од тимот на Покетино

По девет едноподруго победи во Премиер лигата, конечно падна и Тотенхем. На дуелот во Лондон, Вест Хем успеа да го добие „скалпот“ на Тотенхем победувајќи со 1-0.

Тимот на Славен Билиќ славеше со погодокот на Ланцини во 65. минута од средбата…

Manuel Lanzini Goal ~ West Ham vs Tottenham 1-0… by Goalsport

Тотенхем девет едноподруго дуели знаеше само за победи во Премиер лигата. Претходно, последен пат загуби на 11. февруари со 2-0 на гостувањето против Ливерпул на „Енфилд“.

Тотенхем по овој пораз се чини како да загуби значаен чекор во трката за титулата со Челси. Остана со 77 бода на втората позиција, со четири бода помалку од водечкиот Челси кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...