Крај на сагата: Адетокумбо не мрда од Милвоки

Навивачите на Милвоки вечерва имаат причина за славје откако најдобриот кошаркар на Бакс, Јанис Адетокумбо, објави дека ќе потпише нов договор со оваа екипа.

Грчкиот ас има договор до јуни 2021 година и бројни клубови предводени од ЛА Лејкерс веќе подготвија понуди за да го убедат да им се приклучи. Сепак, Адетокумбо ја докажа својата лојалност кон Милвоки договарајќи ги условите за нова петгодишна соработка со клубот од кој беше избран како 15. пик на драфтот во 2013 година.

„Ова е мојот дом, ова е мојот град. Благословен сум што можам да останам дел од Милвоки Бакс и во следните пет години. Ајде да направиме овие години да се бројат. Шоуто продолжува“, напиша Адетокумбо.

Гркот ќе заработи 27,5 милиони долари за последната година од стариот договор, но потоа ќе добие рекордни 228,2 милиони долари според новиот договор, што ќе биде со важност до јуни 2026 година.

Се вчитува...