КРАЈ НА САГАТА: Винисиус потпиша нов договор со Реал Мадрид!

И официјално. Винисиус Жуниор останува во Реал Мадрид, потпишувајќи нов договор со „кралевите“ до 2032 година, соопшти клубот од Мадрид.

Бразилскиот репрезентативец пристигна во Мадрид во јули 2018 година како 18-годишник, а во изминатите осум сезони се етаблираше како еден од лидерите на тимот. Досега има одиграно 375 натпревари и постигнато 128 голови во дресот на „кралскиот клуб“.

Во тој период Винисиус освои вкупно 14 трофеи: две титули во Лигата на шампионите, три светски клупски првенства, два европски Суперкупа, три шампионски титули во Ла Лига, еден Куп на Кралот и три шпански Суперкупа.

Неговата улога беше клучна во успесите на Реал Мадрид, а особено се истакна со головите во финалињата на Лигата на шампионите во Париз во 2022 година и во Лондон во 2024 година.

Индивидуалните признанија дополнително ја потврдуваат неговата класа. Во 2024 година беше прогласен за најдобар фудбалер во изборот „Тhe Best“ на ФИФА, ја освои Златната топка на Интерконтиненталниот куп, беше избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за сезоната 2023/24, а претходно ја доби и Златната топка на Светското клупско првенство во 2022 година, како и признанието за најдобар млад играч во Лигата на шампионите за сезоната 2021/22.

Покрај тоа, Винисиус беше дел од идеалниот тим на ФИФА за 2024 година, двапати беше избран во ФИФА ФИФПро Светските 11 (2023 и 2024), како и трипати во тимот на сезоната во Лигата на шампионите.

Со новиот договор, Реал Мадрид јасно покажува дека смета на Винисиус Жуниор како еден од главните носители на тимот и во годините што следуваат.

Се вчитува...