Крај на „сапуницата Кавај Ленард“

Лос Анџелес Клиперс и Торонто Репторс официјално ја реализираа големата размена со која 35-годишниот Каваи Ленард се враќа во Канада, откако раководството на НБА лигата ја комплетираше деталната истрага.

Во замена за двократниот МВП на финалето, тимот од Лос Анџелес ги доби Брендон Инграм, Грејди Дик, два пика од првата рунда, една можност за замена на пикови од првата рунда, како и два дополнителни пика од втората рунда.

Иако двата клуба ги договорија деталите уште на 30 јуни, административната реализација на трејдот беше замрзната. Лигата на 2 септември потврди дека Клиперс ги прекршиле правилата за „селери кап“ (плафон за плати) преку нелегални, вонспортски спонзорски договори кои му биле овозможени на Ленард надвор од неговиот официјален договор. По изрекувањето на санкциите, НБА конечно даде зелено светло за комплетирање на оваа блокбастер размена.

Се вчитува...