Крај на сезоната за Агуеро?

Манчестер Сити скапо ја плати победата над Барнли, по повредата што пред крајот на првото полувреме ја заработи Серхио Агуеро. Аргентинецот мораше да биде заменет непосредно откако врз него беше направен пенал, а Пеп Гвардиола стравува дека оваа повреда на коленото ќе го означи и крајот на сезоната за најдобриот стрелец на „граѓаните“.

Агуеро се жалеше на болки во коленото од почетокот на тренинзите, поради тоа не беше стартер на првиот меч со Арсенал, а настапот против Барнли се покажа кобен за него.

„Не изгледа добро. Повторно се пожали на коленото, но не изгледа добро. Се чини дека може да биде крај на сезоната, докторите велат дека ќе треба да мине време за целосно санирање на проблемот. Ќе ги почекаме резултатите од деталните прегледи, но моментната ситуација не е охрабрувачка“, истакна Гвардиола по синоќешниот натпревар.

 

Се вчитува...