Крај на сезоната за Азар, под знак прашалник и настапот на ЕП

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Белгиецот Еден Азар сезонава нема среќа кога се во прашање повредите. Поради нив не успеа да покаже ни дел од својот репертоар во Реал Мадрид, а по операцијата во Далас јасно е дека навивачите на „кралевите“ ќе почекаат до следната сезона за на дело да ја видат магијата на Белгиецот.

Поранешниот фудбалер на Челси ја оперираше фибулата на зглобот на десната нога, а според најавите ќе биде потребна пауза од два и пол до три месеци. Тоа значи дека клупската сезона за него и дефинитивно е завршена, а под знак прашалник е и настапот на Европското првенство 2020.

Сезонава Азар одигра само 15 натпревари во дресот на Реал Мадрид на кои постигна само еден гол и забележа пет асистенции.

Се вчитува...