Крај на сезоната за Бен Чилвел?

Фудбалерот на Челси, Бен Чилвел најверојатно ќе мора да го пропушти преостанатиот дел од сезоната откако доживеа повреда на мечот против Јувентус во Лигата на шампионите. На мечот кој се одигра пред повеќе од еден месец страдале вкрстените лигаменти на дефанзивецот на Челси, поради кои тој ќе мора да замине на операција.

Поради тежината на оперативниот зафат тој ќе мора подолг период да биде надвор од терените, што значи дека најверојатно ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната. Поради новата ситуација со англискиот бек, Томас Тухел можно е во јануарскиот преоден рок да бара замена за Чилвел, бидејќи на левата бековска позиција во моментов може да смета само на Маркос Алонсо.

Се вчитува...