Крај на сезоната за Хари Кејн?!

Тотенхем прескапо ја плати победата над Манчестер Сити откако „спарси“ останаа без својот капитен Хари Кејн, кој настрада при еден старт на Фабијан Делф. Станува збор за повреда на истиот зглоб како онаа јануарската на дуелот со Манчестер Јунајтед, кога англискиот репрезентативец повеќе од еден месец беше надвор од терените.

„Навистина е тажно. Ќе ни недостига многу, најверојатно до крајот на сезоната. Ќе биде тешко да ги оствариме зацртаните цели без нашиот капитен“ – изјави Маурицио Покетино по натпреварот.

Кејн воопшто не можеше да згазне на ногата ниту по завршувањето на натпреварот, уште еден предзнак дека повредата е сериозна и дека големиот ас го очекува повеќемесечна пауза од терените.

Се вчитува...