Крај на сезоната за Јакимовски

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски, заврши со сезоната во дресот на Вашингтон стејт универзитетот.

Вашингтон синоќа загуби од Аризона стејт (59-64), на стартот од плеј-офот во Пацифик 12-дивизијата, кој се одржува во Лас Вегас. Јакимовски мина само скромни четири минути на паркетот, без поени, а со една украдена топка и едно промашување во својата статистика.

Согласно натпреварувачкиот правилник кој се игра по нокаут систем, Вашингтон по поразот од Аризона веќе ја заврши сезоната. Само победникот од овој турнир во Лас Вегас, ќе обезбеди пласман на завршниот турнир во НЦАА.

Се вчитува...