Бетис се соочува со сериозен проблем во пресрет на клучниот дел од сезоната по тешката повреда што ја заработи Набил Фекир во финишот од дуелот со Елче во петокот.
Францускиот офанзивен играч за врска успеа да го доигра натпреварот, но деталните прегледи покажаа оштетување на лигаментите на коленото. Ова ќе значи повеќемесечна пауза, поради која Фекир нема да биде дел од тимот на Бетис до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Повредата доаѓа во најлош момент, ако се знае дека Бетис наскоро го очекува осминафиналето од Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед, како и низа битки во Ла Лига, во обид да се стигне во Топ 4 и да се обезбеди учество во Лигата на Шампионите за наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА