Туниската тенисерка Онс Жабур, која во моментов е на 22. место на ВТА листата, објави дека ја завршува оваа сезона поради хронични проблеми со повреда на рамото.
Во 2022 и 2023 година Жабур играше во финалето на Вимблдон, а во 2022 година беше во финалето на УС Опен и стигна до второто место на ВТА ранг-листата, оваа година имаше тешка сезона.
Таа мораше да ги пропушти Олимписките игри, а потоа мораше да предаде на турнирот во Торонто по што ги откажа Синсинати и УС Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА