Крај на сезоната за Серхи Роберто?

Барселона се соочува со пад во формата која се одрази со два нерешени натпревари во шпанското првенство и убедлив пораз од Реал Мадрид за елиминација во Купот на Шпанија, а проблемите за Чави се уште поголеми откако тој нема да може да смета на услугите на Серхи Роберто.

Еден од најискусните фудбалери на Барселона заработи повреда на натпреварот со Гетафе по што мораше да биде заменет во 17. минута, а според информациите кои доаѓаат од Шпанија неговото отсуство ќе биде најмалку пет недели поради повреда на тетивата.

Тоа значи дека 31-годшникот со сигурност ќе ги пропушти следните шест натпревари на Барселона, а со оглед на ризикот мала е веројатноста и дека ќе настапи до крајот на сезоната.

Се вчитува...