Крај на сезоната за Жоел Матип

Фудбалерот на Ливерпул Жоел Матип ја заврши сезоната поради повреда на стапалото. Матип се повреди на дербито против Евертон на „Гудисон“ на 21. јуни, поради што го пропушти и мечот против Кристал Палас кој „црвените“ го добија со 4-0.

„Сезоната за мене е завршена. Што се однесува до следната  се надевам дека тренерот уште од почеток ќе може да смета на мене“, изјави Матип. 

Жоел Матип во Ливерпул стигна во 2016 од Шалке 04, а со тимот од „Енфилд“ минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а годинава стигна до трофејот во Премиер-лигата.

Се вчитува...