Крај на шпекулациите – Кјелце нема да игра во СЕХА!

Полскиот шампион Кјелце нема да се приклучи во регионалната СЕХА Гаспром лига. Иако од раководството на СЕХА на Кјелце му беше понудено место во регионалната лига, сепак, во полскиот шампион дава приоритет на настапот во домашната лига.

Претседателот на Кјелце, Бетус Сервас за полските медиуми изјави дека добил покана од претседателот на СЕХА лигата, Михајло Михајловски и бил заинтересиран да се натпреварува со најдобрите тимови во Централна и Источна Европа, но дека засега Кјелце останува само дел од полската лига.

Опцијата Кјелце да игра во СЕХА лигата, а во нациналниот шампионат да се приклучи во завршната фаза, за Полска не е прифатлива. Иако овој систем веќе неколку сезони се применува со учесниците во СЕХА лигата во Македонија, Хрватска и во Србија.

Од раководството на СЕХА лигата најавија нов концепт во иднина со опција во него да се приклучат Кјелце и двете унгарски екипиа Веспрем и ПИК Сегед, но засега тоа останува без реализација.

Се вчитува...