Владимир Лучиќ ги разреши сите дилеми околу иднината потпишувајќи нов двогодишен договор со Баерн Минхен, со што крилниот центар ќе остане дел од баварскиот гигант до крајот на својата кариера.
Партизан две години се обидуваше да стигне до потписот на одличниот кошаркар, но Лучиќ на крајот пресече – наместо да се врати во татковината реши да остане во Баерн, клубот чиј член е уште од 2016 година, кога пристигна во Минхен од редовите на Валенсија.
Преговорите траеја помалку од еден месец, по што Лучиќ денеска и официјално го потпиша новиот договор со баварскиот гигант, клуб со кој досега има три титули во германскиот шампионат и четири трофеи во Купот на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА