Крај за Циципас, сигурни победи за Алкараз и Медведев во Мајами

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го заврши својот настап на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами откако во осминафиналето беше елиминиран од рускиот тенисер Карен Хачанов.

Хачанов подобар од Гркот беше со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-4. Сигурен пласман во четвртфиналето забележаа Карлоз Алкараз и Данил Медведев кои со максимални 2-0 ги добија своите натпревари.

Кај дамите позната е првата полуфинална двојка во која ќе се сретнат Казахстанката Елена Рибакина и Американката, Џесика Пегула.

Се вчитува...