Крајна непрофесионалност: Седлоски не се појави на официјалниот прес по мечот!

Сосема неочекувано крајно непрофесионално однесување на шефот на стручниот штаб на Шкупи, Гоце Седлоски кој не се појави пред медиумите на задолжителната прес-конференција, согласно прописите на УЕФА, по убедливиот пораз (3-0) од Санта Клара во првиот натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Во прес-салата на арената „Тодор Проески“ во Скопје се појавија единствено од прес-службата на Шкупи кои ги информираа новинарите дека Седлоски нема да се појави на прес-конференцијата.

Шкупи одигра разочарувачки натпревар против португалскиот тим доживувајќи убедлив пораз со кој е пред елиминација во европското натпреварување.

 

Се вчитува...