„Кралевите“ без сон во Амстердам, огномет пред нивниот хотел (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид имаа напорна ноќ во Амстердам, откако навивачите на Ајакс ги оставија без сон во пресрет на вечерашниот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Станува збор за вообичаен рецепт на навивачки групи да ги дестабилизираат противничките екипи, но фановите на Ајакс отидоа чекор напред во целата „приказна“, организирајќи спектакуларен огномет во непосредна близина на хотелот на европските шампиони.

Хотелската управа веднаш повикала полиција, но хаосот траел околу два часа, за на крајот да бидат уапсени четири навивачи на Ајакс.

Последен пат Реал се соочи со идентичен проблем пред гостувањето во Париз, пред мечот со ПСЖ минатата сезона. Тогаш „кралевите“ со камата им вратија на навивачите на ПСЖ, декласирајќи ги нивните миленици на терен. Останува да се види дали истото ќе биде случај и на денешниот натпревар со Ајакс.

Се вчитува...