„Кралевите“ добија „корпа“ – Диjаз не сака да чуе за враќање во Мадрид!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Диjаз, кој игра како позајмен во екипата на Милан, изјави дека сака да остане во редовите на „росонерите“ со перманентен договор и дека нема желба да се врати во Шпанија.

Младиот фудбалер очигледно е разочаран од недовербата што ја имаа „кралевите“ кон него и поради тоа што го испратија во друг тим, па сега воопшто не сака да чуе за било какво враќање на „Сантијаго бернабеу“.

„Милан е одличен клуб, ја чувствувам поврзаноста на фановите. Имав одлични моменти во претходната година. Таквата ситуацијата продолжува и сега. Навистина сум среќен тука и сакам да останам, не размислувам да одам во Шпанија“, изјави Диjаз.

Се вчитува...