„Кралевите“ долго се мачеа, па Рамос од пенал за пресврт-победа со Бетис (ВИДЕО)

Реал Мадрид успеа да стигне до првата победа во новата сезона од Ла Лига, славејќи во 3. коло на гостувањето против Бетис со 2-3.

„Кралевите“ долго се мачеа, но успеаја да дојдат до победата со голот од пенал на Серхио Рамос во 82. минута.

Претходно, Бетис имаше предност и од 2-1 на полувремето по погодоците на Манди и Карваљо.

Но, со автоголот на Емерсон во 48. минута, Реал Мадрид најпрво израмни на 2-2, а потоа следеше триумфот во самиот финиш.

Се вчитува...