„Кралевите“ го освоија Амстердам

Европскиот првак Реал Мадрид направи огромен чекор напред кон пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го совлада Ајакс во Амстердам со 1-2. Тимот на Сантијаго Солари обезбеди значајна предност пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Ајакс постигна водечки гол преку Николас Талјафико, но судијата Дамир Скомина не го призна откако се послужи со ВАР – системот. Тоа беше прва одлука во историјата на ЛШ со помош на ВАР.

Карим Бензема го доведе Реал Мадрид во водство, а израмни Хаким Зијеч во 75.минута. Сепак, Марко Асенсио во 87.минута постигна победнички гол за „кралевите“ во Амстердам.

Се вчитува...