„Кралевите“ го решија Милан, Игуаин недоволен за изненадување

Реал Мадрид славеше со 3-1 во пресметката со Милан, потврдувајќи ја добрата форма во која „кралевите“ се наоѓаат во пресрет на новата сезона од Примера дивизион.

Гонзало Игуаин постигна прекрасен погодок против својот поранешен клуб, но и тоа беше премалку за да се совалда европскиот првак, Реал беше поквалитетен тим на теренот и заслужено славеше со головите на Бензема, Бејл и на Борха Мајорал.

„Кралевите“ в среда ги очекува мечот од Супер-купот на Европа против Атлетико Мадрид, по што наредниот викенд во првото коло од Примера дивизион ќе ги одмерат силите со Хетафе.

Се вчитува...