„Кралевите“ го врзаа Хакими до 2023 година

Шпанскиот клуб Реал Мадрид го продолжи договорот со Ашраф Хакими до 2023 година. Ова ја потврдува намерата на тренерот Зинедин Зидан да го врати Хакими на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на оваа сезона кога и истекува двегодишната позајмица во Борусија Дортмунд. Десниот бек имаше одлични игри за „милионерите“ и покажа дека изразнува во квалитетен фудбалер кој треба да добие шанса и во „кралскиот клуб“. Како младинец тој одигра 17 натпревари за Реал Мадрид, а потоа замина во таборот на „милионерите“.

За Ашраф Хакими постои интерес од големите европски клубови, разврската ја очекуваа Јувентус, ПСЖ и Челси, но сега е повеќе од очигледно дека Реал Мадрид нема да дозволи лесно да го испушти мароканскиот интернационалец.

Оваа сезона Хакими одигра 25 натпревари за Борусија Дортмунд и постигна три гола, а имаше и дури десет асистенции. Овие статистички показатели се препорака за тој дефинитивно да се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...